Фаланга  

Воена единица.
Градба: Касарна за пешадија
Предуслови: Напад од блиску 1, Воена подготовка 15, Централизација 11, Оклоп 18

• Вид: Блиска борба, Пешадија, Копјеносец
• Приоритетно распоредување: Центар (Предна линија)

Воени способности:

+ Долго оружје: Напад x 2 против Коњаница
+ Ѕид од копја: Оваа единица е отпорна на бонусот од Јуриш при Напад на Коњаница
+ Јуриш: Оваа единица има предност во првата рунда од битката - Напад x 1.2
+ Сила во бројки: На секои 1000 Фаланги, тие добиваат +0,5% на Нападот и Животните поени (макс. 100%)

- Ранливи од Стрелци: Против оваа единица, сите Стрелци се борат со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.5 против Мечувалци
- Лесна трупа: Оваа единица трпи казни кога се бори на Крило - Напад x 0.8, Животни поени x 0.8
- Офанзивен дух: Кога е во Гарнизон, оваа единица трпи казни за време на Запленување на тврдина - Напад x 0.5

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Фармер  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува капацитетот на Фармите. Ниво 1: 2% капацитет; Ниво 2: 4% капацитет; Ниво 3: 6% капацитет; Ниво 4: 8% капацитет; Ниво 5: 12% капацитет

Фарми  

Градбата која го издржува населението во провинцијата, произведувајќи добра за нормални услови за живот. Недостатокот на нивоата на фарми води до загуби на население на секој час. Секое ниво ги намалува загубите на население ако бројот на населението во провинцијата е за 10 000 селани поголем од моменталниот капацитет на фармите. Колку е поголема разликата помеѓу бројот на население и капацитетот на фармите, толку поголеми ќе бидат загубите на население.

Напомена! Постојат некои поретки случаи во кои изградбата на следно ниво Фарми реално не ги намалува загубите на население на час. Загубите се делат во неколку фази, одредени со разликата помеѓу капацитет на фармите и моменталниот број население. За да се премине во следната фаза на помали загуби, понекогаш е потребно повеќе од едно ниво Фарми.

Пример: Ако разликата помеѓу бројот на Вашето население и капацитетот на фармите е 18 000, тогаш Вашите загуби се наоѓаат во втора фаза (од 10 000 до 20 000 помеѓу бројот на население и капацитетот на фармите) каде што губите 10 селани на час. Затоа, изградбата на само едно ниво Фарми не успева доволно да го зголеми капацитетот на фармите за разликата помеѓу бројот на население и капацитетот на фармите да падне под 10 000 и следствено и загубите – под 10 на час.

Федерација  

Унија помеѓу два сојуза. Сојузи кои имаат потпишано Мировен договор формираат федерација.

Фестивал  

Забава за населението за провинциите да можат да одржуваат повисоко Задоволство. Фестивалите, голем и мал, може да се организираат еднаш на 24 часа.

Фестивали со постепен ефект  

Активирањето на фестивал, независно дали е голем или мал, со постепен ефект, значи дека ефектот на фестивалот врз вредноста на Задоволство рамномерно се распределува за период од 24 часа.

Фиксна провизија  

Провизија за објава на понуда, се одзема при објавувањето. Основна фиксна провизија - 10%. Може да се намали ако играчот е Офицер-Финансист и преку освојување на терен со специјален ресурс Зачини.

Формација  

Го покажува начинот по којшто војската е распоредена на полето за битка, т.е. процентуалното дистрибуирање на воените единици во бојната зона: Центар, лево Крило, десно Крило и Резерва.

Бидејќи формацијата го контролира распоредувањето на единиците во бојните зони, а нападот и животните поени на секој вид единица се изменети од бојните зони во коишто се распоредени, правилниот избор на формација зависи и од составот на Вашата војска и од формацијата и составот на непријателската војска. Во суштина, најефикасна формација би била онаа што повеќето од Вашите единици ги распоредува во бојните зони коишто ги зголемуваат или барем не доделуваат казни по нивниот напад и животни поени и/или онаа бојна зона којашто им дозволува да се борат директно против непријателските единици против кои имаат бонуси или барем не им доделува казни.

Процедурата која мора секогаш да се следи за да се определи најдобрата формација за конкретна битка е симулирање со различни формации и избор на онаа која Ви овозможува истовремено да победите во битката со морал над 50, да изгубите помалку и да му предизвикате повеќе штети на непријателот. Имајте на ум дека резултатот од битката може да не се совпаѓа идеално со резултатот од симулацијата, бидејќи никогаш не ги знаете истражувањата и формацијата на противникот, ниту пак дали е Премиум или не.

За повеќе информација околу формациите кликнете овде.

Формација Јак Центар  

Се отклучува со 1-во ниво Тактики.
Предна линија - 10% од војската во Предната линија е на секое Крило, 70% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 10% од Стрелците се на секое Крило и 80% во Центарот.

Формација Јак Центар со Балансирани Стрелци  

Се отклучува со 4-то ниво Тактики.
Предна линија - 10% од војската во Предната линија е на секое Крило, 70% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - стрелци– 30% од стрелците се на секое Крило и 40% во Центарот.

Формација Јак Центар со Крилни Стрелци  

Се отклучува со 3-то ниво Тактики.
Предна линија - 10% од војската во Предната линија е на секое Крило, 70% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 40% од Стрелците се на секое Крило и 20% во Центарот.

Формација Јаки Крила  

Се отклучува со 2-ро ниво Тактики.
Предна линија - 20% од војската во Предната линија е на секое Крило, 50% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 25% од Стрелците се на секое Крило и 50% во Центарот.

Формација Јаки Крила со Крилни Стрелци  

Се отклучува со 5-то ниво Тактики.
Предна линија - 20% од војската во Предната линија е на секое Крило, 50% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - стрелци– 40% од стрелците се на секое Крило и 20% во Центарот.

Форум  

Официјална платформа од Империја Онлајн наменета за дискусија. Во форумот играчите можат да разговараат преку објавување на пораки во различни теми. Можат да споделат стратегии, решат нејасни работи, да пријават грешки и т.н. За поголемите јазични заедници Империја Онлајн нуди посебни форуми, независно управувани од страна на еден Community manager и неколку глобални модератори, а за оние со помал број, постојат посебни делови во меѓународниот форум.